Полициска бруталност врз муслиманско малцинство предизвика бес во светот

Власта во Мијанмар спроведува истрага по објавувањето на едно видео на кое се гледа како полицајци брутално претепуваат припадници на муслиманското малцинство во оваа земја .

Муслиманите кои живеат во оваа будистичка земја, се од бенгалско потекло и вообичаено живеат во многу лоши услови под постојана тортура.

Снимката е направена во ноември 2016, но групите за човекови права сега го објавија на интернет , што предизвика жестока осуда и гнев во цивилизираниот свет.

Бенгалските муслимани од групата Рохињи се најзагрозено малцинство во светот.

Инцидентот е снимен од еден од полицајците, а  видеото го предал на организација за човекови права, кои откако го ставиле на интернет предизвикале интерес кај пошироката светска јавност.

Владата во Мијанмар соопшти дека бруталноста се случила во едно село кое било посетено два дена пред тоа од   делегација на ОН на 3 ноември минатата година.