Полицискиот час денеска и утре од 16 часот, ноќеска започнува летното сметање на времето

Потсетуваме дека со одлука на Влада е проширен опфатот на ограничувањето на движење, па за викендите полицискиот час ќе важи од 16 часот попладне до 5 наутро за сите граѓани.

Премиерот Оливер Спасовски вчера изјави дека мора да се почитува оваа мерка поради неширење на вирусот Корона и таа важи и за сопствениците на домашни миленици, па тие мора да се прилагодат да ги изнесат надвор во овој термин.

Ноќеска помеѓу 28 и 29 март во 2 часот наутро започнува летното сметање на времето што значи дека стрелките на часовникот се поместуваат еден час напред.

Летното сметање ќе заврши на 25 октомври во 3 часот, со поместување на стрелките еден час назад.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија.

Предлогот беше усвоен од Европскиот парламент, но секоја членка на ЕУ ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.