Полицискиот џип бил во Грција, но не го управувал член на семејството на директорот на БЈБ

МВР во врска со написот објавен од порталот НетПрес, извести дека на 2 август, полициски џип бил во Грција, но не го управувала ќерката на Лазо Велковски, директор на БЈБ,  или друг член на семејството, туку овластен полициски службеник.

МВР соопшти дека Одделот за внатрешна контрола и професинални стандарди веднаш по добиената информација, добил наредба да изврши проверки и да достави извештај.

По извршените проверки, констатирано е дека на ден 2 август 2018 година, возилото „Ренџ Ровер Дискавери Спорт“ со регистарски таблички СК-9559-АЛ е управувано од полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти, кој возилото го управувал со соодветен службен налог.

Возилото во 13 часот и 35 минути го преминало граничниот премин Богородица и патувало на територија на Република Грција, а вратено е во Република Македонија истиот ден, 2 август 2018 година.

Не е точно дека возилото го управувало неовластено лице, ниту пак дека било управувано од член на семејството на директорот на Биротото за јавна безбедност, се вели во соопштението на МВР.

Во соопштението на МВР нема објаснување што барало службеното полициско возило во Грција и кој друг се возел во него.

Од МВР највија  дека ќе бидат направени и дополнителни проверки и по утврдување на сите факти, доколку се утврдат неправилности, ќе бидат преземени соодветни мерки.