Црногорскииот полициски инспектор Марко Дробњак, успеал да го сними својот напаѓач во моменти веднаш по нападот врз него со нож од страна на крадец.

Полицијата во Подгорица соопшти дека вчера е уапсен Драго Пајковиќ, кој насрнал врз полицискиот иснпектор при обидот да го спречи да и ја украдне ташната  на една жена.

Полицијата објави фотографија од крадецот, која ја направил инспекторот веднаш по неговото ранување. Дробњак бил повреден со нож во пределот на ногата и уште на неколку места низ телото.

 (Полицискиот инспектор Дробњак)

Сега уапсениот крадец, нападнал жена која во рацете држела ташна и портмоне со пари, удирајќи ја по рацете по што паричникот и испаднал. Откако го зел и почнал да бега, полицискиот инспектор којшто не бил на должност и случајно се нашол тука, тргнал по него , но овој извадил нож и го нападнал.

По направените фотографии од страна на инспекторот, напаѓачот е уапсен, а парите вратени кај жената.

Полицискиот инспектор е болнички згрижен и е надвор од животна опасност.