Полицијата брутално претепа маж сред Теразије (видео)

Од вчерашните протести во Србија, кои покрај Белград, се проширија и во Нови Сад, Ниш и други градови, останаа бројни видео записи со брутална содржина и крш и хаос низ улиците.

Демонстранти гаѓаа со камења и други предмети, полицијата интервенираше со специјални единици, и невидена бруталност.

Видео снимено во центарот на Белград, на Теразије, покажува како српската жандармерија тепа. Човекот лежи на сред улица и така го оставаат, на страна на тротоар го пренесуваат други полицајци за да поминат со своите возила. Не е јасно зошто дојдедо оваа бруталност.

Повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти.

Улиците на Белград беа окупирани претежно од насилни млади демонстранти, кои не дозволуваа да учествуваат лидерите на опозицијата, па и нив грубо ги бркаа. Некои беа и удирани.