Полицијата во Белград брутално тепаше демонстранти кои седат на клупа(видео)

Н1 телевизија вчера со свои репортери цело време известуваше од протестите во Белград, кои започнаа спонатно по изјавата на претседателот Вучиќ за враќање на полицискиот час поради влошената епидемиолошка состојба.

Оваа телевизија со своите камери забележа бројни инциденти. Меѓу, нив и овој брутален напад на неколку демонстранти кои мирно седат на една од клупите во блискиот парк пред републичкото Собрание.

На почетокот од демонстрациите полицијата со минимален број го обезбедуваше Собранието, но потоа беа зајакнати со луѓе, полициски кучиња и со коњица. Полицијата на неколку наврати тепаше со пендреци и апсеше.

Апсеа и полицајци во цивилка, кои исто не беа нежни со дел од демонстрантите.

Но, и демонстранти ја напаѓаа полицијата и ја гаѓаше со камења и други предмети.

Регистрирани се 13 повредени полицајци и 7 демонстранти.