Полицијата во Берлин претепа мигрант поради кражба на велосипед и отпор при апсење

Полицијата во Берлин претепа невооружен црн млад човек, за кој се претпоставува дека е мигрант. Тој е фатен во кражба на велосипед, а при апсењето давал  отпор.

Минувачите се обиделе со викање и гаѓање на полицајците да го сопрат насилството, но полицајци ги прскаа со солзавец.

Берлинската полиција официјално го окарактеризира однесувањето на граѓаните како ,,насилен отпор“.