Полицијата добила наредба да уапси 15 лица поврзани со насилството во Собрание

Вечерва Основното јавно обвнителство даде наредба да се приведат 15 учесници кои учествуваа во насилството врз пратениците и МВР постапува по тоа барање, неофицијално дознава порталот Бриф од  извори во МВР и ОЈ.

Штом ќе бидат пронајдени, осомничените ќе бидат однесени во полициска станица и утре изнесени пред судија на претходна постапка. МВР веќе побара притвор за четворица осомничени организатори на насилното влегување во македонскиот Парламент, а меѓу нив се водачите на протестите Борис Дамовски, Игор Дурловски и Богдан Илиевски.