(видео од увидот на полицијата на Лос Анџелес по самоубиството на момчето на Шабани, Крис Спотц, во украден мини-камион марка ,,Тојота“)

Полицијата на Лос Анџелес и семејството на младата актерка Адеа Шабанаи од Македонија, веруваат дека таа е мртва. Шабани исчезна на 23 февруари од својот стан во Холивуд, и отогаш се трага по неа. Но, овој несреќен случај доби друг тек и најверојатно трагичен епиог, по самоубиството на 33 годишниот Крис Спотц, за кој се верува дека ѝ бил момче на 25-годишната Адеа.

Американските медиуми пишуваат дека Спотц бил виден на другиот крај од Лос Анџелес по исчезнувањето на Шабани, во апартман кадешто живеел со својата свршеница. Тој исто така се занимавал со глума, а со Адеа се запознале во училиштето кадешто таа одела на часови по актерство.

Приватниот детектив на семејството Шабани се уште зборува дека се трага по исчезнато лице и не сака да потврди дека се верува дека таа е мртва.

Спотц бил забележан во четвртокот со друго лице во украдено возило, а по потерата од полицијата заради сообраќаен прекршок, тој изврши самоубиство.

Адеа Шабани пред две години допатувала во Америка, поточно во Холивуд, кадешто сакала да гради актерска кариера.

 

АКО.мк