Полицијата ги тргна од улица и од крстосницата кај Црвен крст неколкумината повозрасни граѓани кои дојдоа да ја блокираат за да протестираат против промена на Уставот и на името.

Освен гласното негодување на една жена , која главно е присутна на сите протести од овој вид, и неколку извици УА кон полицијата немаше други реакции , ниту пак видлива примена на сила.

Протестот и отстранувањето на протестантите од полицијата, во живо го снимаше и коментираше Филип Петровски.

Еве го неговото видео:

Малата група демонстранти дојде да ја блокира една од најфреквентните крстосници во најфреквентното време.