По вчерашниот упад на група опозициски демонстранти во зградата на српската РТС, објавено е видео од кое се гледа дека полицијата сепак применила сила при растерувањето на масата од телевизиската куќа.

Претходно на прес конференција министерот за полиција, Небојша Стефановиќ им честиташе на полицајците за добро изведената акција , без примена на сила, како што рече.

Опозициските демонстранти предводени од лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, упаднаа вио РТС и бараа директно вклучување во вестите.

По неколку часа беа исфрлени од страна на српската жандармерија.