Вчера Скопје беше опседнатото од полски навивачи кои дојдоа масовно да ја бодрат својата репрезентација која, патем ја совлада Македонија со 1:0.

На секој навивач имаше најмалку по еден полицаец, кои ги следеа во чекор, колку навивачи низ Старата скопска чаршија, најмалку толку специјалци, униформирани и неуниформирани полицајци.

Сепак, една голема група полски навивачи се истепаа меѓу себе во градски парк.

Полицијата реагираше брзо и одлучно, ја разби групата и приведе над 200 Полјаци.