Полицијата трага по ограбувачите, Халк банка ги смирува клиентите

По објавувањето на информацијата во некои медиуми во врска со вооружениот грабеж на филијала на „Халкбанк АД Скопје“ во Визбегово, Халкбанк АД Скопје ја проследува следната
изјава за медиуми:

,,Во врска со денешниот грабеж во нашата филијала на улица „Јадранска магистрала“ во Визбегово, „Халкбанк АД Скопје“ ја известува јавноста дека нема повредени и дека ситуацијата
е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот.
Халкбанк воедно ги известува сите свои клиенти дека нивните средства се осигурени согласно политиките на Банката“ се вели во изјавата од Халк банка..

Маскирани вооружени разбојници попладнето ја ограбиле екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово.

Пет вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените,  потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот.