Полиција го блокираше штабот на Сојуз на роми заради поткуп на гласачи

Невладината ЦИВИЛ јавува дека во Чавадарци активисти на партијата на Амди бајрам се фатени на дело како поткупуваат роми со 1000 денари за да гласаат за ВМРО ДПМНЕ во недела. Поткупувачите се заклучиле, аполицијата чека судски налога за да влезе внатре.

„Во центарот на Кавадарци, полицијата го блокира изборниот штаб на Сојузот на Ромите на Амди Бајрам и Демократска партија на Ромите, под сомнение дека неколку лица внатре во просториите вршеле поткуп на ромското население. Наводно им се делеле по 1000 денари на лица од ромска националност. Откако биле откриени, поткупувачите се заклучиле во штабот. Во моментов се очекува и судски налог за влегување“, известува набљудувач на ЦИВИЛ од Кавадарци.

Следуваат нови информации.