Полиција тропна на вратата на пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири

Поранешниот новинар Мухамед Зекири, сега пратеник на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, ја информираше јавноста дека во неговиот дом дошла полиција, но не прецизираше што барале таму. Тој ова го објави на својот ФБ профил:

,,Антикорупциска, Финансиска Полиција и Организиран криминал при МВР го чешлале мојот имот и веќе десетина дена водат истрага. Денеска и полицијата го посети мојот дом. Сакам да им порачам дека може да истражуваат и чешлаат колку што душа им сака, ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме обесхрабрат, напротив само дополнително ми давате сила и мотивирате да продолжам да се борам против вистинските криминалци. Вистината ќе победи, ПРАВДА ЌЕ ИМА!!!
Да бевте на висина на задачата и истражувавте и се боревте против криминалот последниве неколку години и државата ќе цветаше.
Криминал можете да пронајдете само кај вистинските криминалци, кај вашите наредбодавачи кај Груевски и Мијалков и нивните соработници!!!!“-пишува Зекири на својот ФБ профил.