Полиција ја чува ДИК

Секој момент се очекува прес конференцијата на Државна изборна комисија која конечно ќе ги објави и добиените мандати на предвремените парламентарни избори. Пред седиштето на ДИК се забележуваат засилени полициски сили, но и собирање на гупа граѓани. На социјалните мрежи Филип Петровски актуелен директор на Државен архив на РМ ги повикува симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ да одат пред седиштето на комисијата, веројатно за да искажат незадоволство доколку неговата партија не ги добие очекуваните мандати.