Полицијата немоќна пред стотици млади агресивни и пијани Германци во Штутгард(видео)

Изминатите две ноќи од викендот во Штутгард поминаа немирно, агресивно и неконтролирано.

Стотици млади собрани по парковите во градот, кои прават журки на отворено со многу дрога и алкохол, искршија многу продавници и автомобили низ градот, меѓу кои и полициски.

Како што јавува Дојче Веле, многу од нив биле маскирани и опремени со тврди предмети, прачки, камења и друго, што покажува дека однапред биле подготвени за нереди.

Пандемијата и новиот режим на живот, ги извади младите на улиците во Германија кои преку викендите прават неконтролирани и жестоки журки на отворено.

Крај езерото во Штутгард стотици опијанети млади биле многу гласни и бучни. При обид да легитимираат еден издрогиран 17 годишник, останатите започнале да ја гаѓаат полицијата со камења, по што настанал општ хаос.

Искршени се и ограбени бројни продавници, уништени автомобили, повредени полицајци.

Полицијата во Штутгард соопшти дека во нередите се повредени 19 полицајци, а 24 хулигани се уапени.

Половината од нив немале германско државјанство.