Вчера се одржа градското фудбалско дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан во Белград, пред полни трибини.

Во време на пандемија на коронавирус, кога во Србија сѐ уште не е уината вонредната состојба и не е прогласен крај на епидемијата, без никакви заштити и дополнителни протоколи се одржа масовен фудбалски натпревар.

Србија е прва земја во светот, ако не се смета Белорусија која немаше никакви рестриктивни мерки, која реши да ја врати публиката на трибините без ограничување.

Головите се славеа како во старите добри времиња пред светската пандемија од Ковид 19.

Не изостанаа и кавгите.

Партизан ја победи Црвена Ѕвезда и се пласира во Финале во купот на Србија.

Но, сега останува стравот да се види како овој храбар експеримент кога бројката на заразени од коронавирус во Србија повторно расте, ќе се одрази на здравјето на луѓето.

АКО.мк