Полската влада се предомислува

Полската влада е под притисок на членови од својата влада да го повлече контроверзниот и конзервативен закон за забрана на абортус.

Повеќемина високи претставници на владејачката Партија за правда и мир веќе се дистанцирале од овој закон.

Министерот за образование изјавил дека масовните протести на жените пред два дена се порака која сите треба да ги замисли и да ги научи на покорност.

Тој рекол дека многумина од владата се изненадени од масовноста на протестите , како и од нивната жестокост и начинот на кој голем број граѓанки го искажале незадоволството од законот. Владини претставници признаваат дека Владата ги дочекала неподготвена протестите, пишува Гардијан.

Во понеделник, дојде до масовни протести низ полските градови, посебно во Варшава , а жените и покажаа среден прст на владата и одбија таа да одлучува за нивното тело.