Колонатa возила со полскиот министер за одбрана Антониј Мачеревич, предизвика верижен судир во Варшава, брзејќи да стаса на прогласувањето на неговиот партиски шеф Јарослав Качински за човек на слободата за 2016 година, во организација на еден таблоиден десничарски магазин.

Како што пренесува полската телвизија ТвН24, колоната толку многу брзала, што претходницата возила не успеала да сопре навреме на црвено светло на семафор и предизвикале верижен судрир.

Очевидец раскажува:

“Беше  црвено светло, а тие господа  јуреа со брзина од 130 километри на час и ништо не ги интересираше. На тоа место застануваат дури и полицајци во патрола, па и Итна помош, но тие не,,.-рекол очевидецот.

Искршени се 8 возила, а три лица се повредени.