Полубратот на севернокорејскиот лидер убиен со нервен гас за масовно уништување

Прелиминарните резултати на  токсиколошките анализи покажуваат дека   Ким Џон Нам е убиен со нервен гас за масовно уништување, кој е забранет за употреба во 1993 година.

Полубратот на севернокорејскиот лидер беше убиен пред десетина дена на аеродромот во Куала Лумпур, а малезиските власти одбија да го предадат телото на Северна Кореја која забрануваше да се направи обдукција.

Трагите од дотровниот гас се пронајдени околу устата и пределот на лицето на убиениот Ким Џон Нам. Убиството го извршија две жени, најверојатно тајни агентки на Северна Кореја,а кај едната од нив исто така се пронајдени траги од опасниот нервен гас.