Помагач од Нови Пазар го крие Сеад Кочан во Косово

Според порталот а1он, Сеад Кочан во моментов се крие во местото Витомирица во близина на Пеќ, на Косово, тврдат извори кои се инволвирани во потрагата по него.

Според одредени извори, Кочан секојдневно ги менува локациите поради меѓународната потерница издадена за него. Во Косово за него е задолжен и му помага извесен Геро(Гаро), сопственик на фирма за транспорт „Геро реисен“(Garo Reisen) од Нови Пазар.

Истите извори говорат дека Сеад Кочан престојува на Косово додека не биде завршено засолништето што му се подготвува во местото Сјеница, под планината Пештер на Санџак.

Според оваа информација, Кочан нема намера да се врати во Македонија каде му е одреден притвор од 30 дена.