Помогнете му на напуштеното и болно Коњче да преживее (видео)

По многубројните апели на граѓани кои постираа фотографии со напуштен коњ на кејот на Вардар во тешка здравствена состојба, активисти на Анима Мунди отидоа на терен да го нахранат и напојат, но алармираат дека е итно потребно згрижување и лекување на животното.

,, Повикавме ветеринар за несреќното животно, неопходни се терапии – само денешниот трошок е над 3 500 денари, а мора да се лекува барем недела дена. Сакаме да му пружиме помош дуи се уште стои на нозе, сакаме ама финансиски сме немоќни без вас…
Помогнете ни да му покажеме на ова животно дека не сме како неговиот сопственик што го довел во оваа состојба, дека не сме како сите што го одминаа, дека и неговиот живот вреди да се спаси!

Секој кој сака да помогне може да донира на:
Денарска сметка: 240090002006130
Депонент: Уни Банка АД – Скопје
Доброволен прилог по Ваша желба online на: https://www.anima-mundi.org.mk/donate/
Може да се донира и на paypal: pishpecki@gmail.com
Со назнака: За Коњче

Ви благодариме од името на Коњче“-стои во објавата на ФБ страницата на Анима Мунди.