Изјава на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, по повод официјалниот прием на С. Македонија во НАТО:

,,На 27 март 2020 година, Соединетите Држави, како депозитар за договорите, го примија инструментот за пристапување на Република Северна Македонија во Северноатлантската Алијанса, со што Северна Македонија официјално е 30-та членка на НАТО. На 30 март, знамето на Северна Македонија за прв пат ќе се вее над седиштето на НАТО.

Како што рече претседателот Трамп, Алијансата на НАТО е главниот стожер на меѓународниот мир и безбедност повеќе од 70 години. Пристапувањето на Северна Македонија во НАТО денеска претставува кулминација на долгогодишните напори на владата и народот на Северна Македонија за влез во Северноатлантската алијанса.

Членството на Северна Македонија во НАТО ќе значи поголема интеграција, демократски реформи, трговија, безбедност и стабилност во целиот регион.

Пристапувањето во Северна Македонија, исто така, е потврдува за другите аспиранти дека вратата на НАТО останува отворена за оние земји кои се подготвени и способни да ги направат реформите потребни за исполнување на високите стандарди на НАТО и да ги прифатат одговорностите и придобивките од членството.

НАТО ја поздравува својата 30-та членка,и ние ја реафирмираме нашата заложба за колективна одбрана според член 5, камен-темелник на Трансатлантската Алијанса“-стои во официјалната изјава на американскиот државен секретар, објавена на страницата на Стејт Департмент.