Помпео објави дека е завршена ратификацијата на Протоколот за РСМ за НАТО во САД

,,Задоволство ми е да објавам дека САД ja депонираа ратификацијата на Протоколот за приклучување на Северна Македонија во НАТО. Тоа е еден чекор плус за да ја поздравиме Република Северна Македонија како 30 членка на Алијансата“-напиша Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот Твитер налог.

Secretary Pompeo@SecPompeo

Pleased to announce the United States deposited its ratification of North Macedonia’s @NATO Accession Protocol. One step closer to welcoming #NorthMacedonia as NATO’s 30th Ally! #WeAreNATO, and we are #AlliedStrong.

Останува уште Шпанија да го ратификува овој протокол, по што Македонија и официјално ќе се приклучи кон НАТО.

Во пресрет на НАТО самитот во Лондон е истакнато знамето на РС Македонија рамноправно со 29 знамиња на сите членки на НАТО.