Попови колнат, злобници се ситат на грчката трагедија и тоа сѐ во име на некаква Божја казна!

Протојереј Митре Попоски (Хаџипопоски), кој во меѓувреме на својот ФБ профил си го додал и ,,презимето“  Македонски, во име на ,,Бог и божјата казна“ , ,,објаснува“ зошто на невините луѓе во соседна Грција им се случила трагедијата. Тој нема сочувство кон жртвите, туку смета дека Бог ги ,,опоменува“ на овој начин оние што се против ,,Македонската земја“:

Протојереј Митре били или е сѐ уште сослужител во Дебарско-Кичевската Епархија(не може официјално да се провери ова).

,,Претставниците “ на Бога и во Грција не се ништо подобри од нашиот протојереј. Колне и преколнува тамошниот митрополит Амвросиос:

– Атеистичкиот премиер Алексис Ципрас го навлече Божјиот гнев – напиша Амвросиос со големи букви вчера попладне на својот блог и додаде: „Грција е уништена од дожд и оган!“

Светиот човек со бескрајна омраза во неговата душа не се срами да тврди дека пожарите биле Божји гнев поради премиерот атеист, коментира грчкиот портал  „Keep Talking Greece“.

Опишувајќи го Ципрас како „лицемер“ поради тоа што ја прекина неговата посета на Босна за да се врати во Атина во понеделникот вечерта, Амвросиос пишува дека  „атеистите на СИРИЗА се причините за општата катастрофа! Нивниот атеизам го навлече Божјиот гнев!“-пишува тој.

Сите знаеме дека да се биде злобен е најдолно нешто. И тоа се потврдува уште еднаш на денот кога Грција жали за најмалку 50 лица (во меѓувреме бројката се искачи на 74 н.з.), меѓу кои има многу деца, десетици повредени и исчезнати. Тоа се луѓе кои ги загубија своите животи во грчката трагедија наречена „Атински пожари“. Овој пат, потврдата дека може да бидеш толку многу злобен доаѓа од устата на еден човек кој тврди дека е еден од Светите луѓе на Грчката православна црква, доаѓа од никој друг туку од Митрополитот Амвросиос, пишува во коментарот на „Keep Talking Greece“.

Но, омразта не е ексклузивитет само на ,,божјите чеда“.

Во Македонија на социјалните мрежи, покрај огромната поддршка и сочувство со грчкиот народ, за жал, се истури и невидена злоба и ситење, поврзувајќи ја невидената грчка трагедија со актуелната политичка ситуација, Договорот за името и референдумот.

Па во тој контекст , мнозина се осудија( пред Бога) да кажат дека ,,така им треба“, дека ,,Господ гледа и Господ казнува“, та дури и да ,,блујат“ задоволство гледајќи ги изгорените човечки тела, притоа не сепнувајќи се дека тоа се луѓе, не мора нужно да се Грци и може некој нивен да бил таму.

Прости им Боже, не знаат што прават.

,,Ќе ги загуши нивната сопствена злоба. Со вакви ли нелуѓе дишеме ист воздух“-се прашува оние сочувствителните и освестените од другата страна.

Не, навистина , што се случи со човечноста на овој народ? Вознемирувачки нечовечни има меѓу нас….

Емилија Лазаревска