Поповски ветува зголемување на вработеноста

 

,,Изградбата на инфраструктурата, како што е завршувањето на Булеварот Борис Трајковски, се само дел од мерките за зголемување на вработувањето , рече носителот на листа за ВМРО ДПМНЕ ИЕ 1 Никола  Попоски .

-Еден дел се однесува на самовработување на невработени лица со грантови од 4000 евра  а другиот дел се однесува на помош до микро и мали претпријатија кои ќе вработат лица кои што се невработени. Создавањето на нови работни места ќе биде помогнато од државата со грантови од 92 000 денари по лице во форма на материјали и суровини, односно до 5 лица односно 460.000 денари, рече Поповски.