Поповски ги предупреди Пендаровски и Димитров дека Макрон и Меркел ги лажат

,,Стево, (Пендаровски н.з.) Емануел Ве лаже кога Ви кажува дека не мисли на нас дека не ние место во ЕУ. Тој токму тоа го мисли и го кажа неколку пати во влијателни медиуми што уште може да се прочита и го покажа недвосмислено кога требаше.

Никола, (Димитров н.з.) Хајко Мас не е искрен кога ти кажува ,,дека може да се потпрете на Германија“. Ако помните, вие се потпревте на Германија кога А. Меркел сред Скопје ви вети пристапни преговори доколку го прифатите и спроведете Преспанскиот договор. Но не испорача, а доколку не може да испорача не требаше ниту да ветува. Барем не Германија и не Меркел.

Полека малку …многу наивно и еликодушно разговарате и преговарате со докажано неискрени и препредени ликови и земји“ е пораката што ја упати преку социјалните мрежи до државниот врв, Никола Поповски, професор на ФОН Универзитет и од неодамна е В. Д. Главен извршен директор на Развојна банка на Македонија.

Фото: Портал Магазин