Поради влошена здравствена состојба Љубе Бошкоски примен на Инфективна клиника

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, синоќа е примен на Инфективната клиника поради влошена состојба со Ковид-19, пишува порталот Бриф.

Бошкоски пред неколку дена објави дека е позитивен на вирусот и се наоѓа во самоизолација во Челопек. Тврдеше дека тогаш немал симптоми, а се пофали дека први ајвар.

Ситуацијата се влошила, а тој итно синоќа бил примен на Инфективна, пишува Бриф.

Засега нема официјални информации околу неговата здравствена состојба.