Поради дводневен штрајк на пилотите откажани се 1.600 летови на Бритиш Ервејз

Британската авиокомпанија Бритиш Ервејз, откажа 1.600 летови во периодот од 8 до 12 септември, поради дводневен штрајк на пилотите.

Тие се незадоволни од понуденото зголемување на платите во просек за 11,5 проценти во период од три години и бараат секој пилот на годишно ниво да добие дополнително зголемување за 1.050 фунти.

Повеќе од планираните летови на оваа авиокопмпанија планирани за 9 и 10 септември од Хитроу и Гетвик се веќе откажани, а само на овие два аеродрома со штрајкот ќе бидат погодени околу 240.000 патници.