Поради долгата косата Пујол е непожелен на иранската телевизија

Поранешниот шпански капитен Карлес Пујол, рече дека властите во Иран, поради долгата коса му забраниле да се појавува во програмата на државната телевизија како коментатор на Светското првенство во Русија.

„Би-Би-Си“ пренесува дека поранешниот шпански репрезентативец пристигнал во Техеран,  на крајот да не му биде дозволен влез во зградата на телевизијата поради изгледот, нешто што оди во прилог на заложбите на иранската телевизија да спречи било каков „непристоен“ изглед.

Иранските власти ги негираат тврдењата на Пујол.

“Нема потреба странец да добие  милионска сума за неколку минути од спортската програма”, вели Мортеза Мирбагери.

Карлес Пујол требаше да се појави во спортската програма во средината на неделата на натпреварот помеѓу Шпанија и Иран, со популарниот водител Адел Фердосипур.