Поразувачки резултати, 30 насто од првачињата се со искривен ‘рбет


Во организација на Општина Центар, во сите основни училишта на нејзината територија се спроведе “Дијагностички и превентивни прегледи (скрининг) на ‘рбетниот столб и на долните екстремитети кај децата ученици од I одделение.


,,Резултатите се поразувачки, дури 30,04% од првачињата во нашата општина имаат неправилно држење или деформитети.
Според стручните лица овој резултат е недопустливо голем особено земајќи предвид дека прегледаните деца кои не спаѓаат во најкритичната возрасна група се уште не го започнале oбрзаниот раст кој со себе повлекува овој број да се зголеми енормно ако во иднина не се преземат конкретни мерки за спречување на овој проблем.
Апелираме до родителите и наставниците по физичко образование да се зголеми физичката активност кај овие деца!“-вечи градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

АКО.мк