Поранешен американски фудбалер спаси дете фрлено од третиот кат по голем пожар во станот(видео)

Американските медиуми објавија неверојатно видео од моментот кога мајка го фрла своето тригодишно дете од балконот по големиот пожар во станот.

Во тој момент се најде тука поранешниот играч на американски фудбал, маринецот Филип Бенкс.

Детето беше фатено секунда пред да падне на земја.

Детето е спасено, но мајката не успеа да излезе од станот кој целосно изгоре во големиот пожар, јавуваат американските медиуми.