Поранешен градоначалник на Техеран е осуден на смртна казна поради убиство на сопругата

Поранешниот градоначалник на Техеран и еден од потпретседателите на Иран, е осуден на смртна казна поради убиство на својата сопруга, јави државната иранска телевизија.

Али Наџафи е прогласен за виновен за убиство од огнено оружје. Тој ја застрелал својата втора сопруга Митрa Остад.

Одбраната на Наџафи има право на жалба во рок од 20 дена. Тој во мај сам се пријави во полиција , по што веднаш беше затворен.

Мохамед Али-Наџафи поднесе оставка на местото градоначалник на Техеран во 2018 година поради јавните критики затоа што присуствувал на музичка приредба во едно женско училиште.

Foto>Али Наџафи со убиената сопруга