Поранешен министер за образование во РС уапсен за сексуална злоупотреба на 11 годишно девојче

69 годишниот Ненад Сузиќ, поранешен министер за образование во Република Српска е уапсен под сомнеж дека подолго време сексуално злоупотребувал 11 годишно девојче.

Сузиќ е уапсен по пријава на училиштето каде учело девојчето, откако тоа раскажало што му се случувало.

Поранешниот министер го допирал девојчето по интимните делови во повеќе наврати, притоа му се заканувал дека не смее никому за ова да каже и дека е тоа нивна мала тајна..

Ненад Сузиќ бил министер во владата на Република Српска од 1998 до 2001 година.

Според кривичниот законик на Српска, за педофилија со лица помали од 15 години максималната затворска казна е 15 години затвор.