Поранешната специјална обвинителка ќе даде исказ откако ќе ги разгледа доказите против неа

Со лисици на рацете, во незавидна и понижувачка положба, поранешниот шеф на СЈО и поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева беше спроведена од истражнот затвор до ЈО и вратена назад низ подрумот на Јавно обвинителство. Но, и таму не можеше да ги избегне камерите, новинарите и фоторепортерите.

Голема загриженост се гледа на лицето на притворената обвинителка.

Катица Јанева, фото:МКД.МК

По еден час, Јанева е вратена назад во Истражен затвор-Скопје. Нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска, изјави дека нејзината клиентка сака прво да ги види доказите , а потоа да даде исказ.

Утре, вторник, тоа право ќе го искористи првообвнетиот Бојан Јовановски, а во четврток Јанева.

Во меѓувреме тимот на Катица Јанева се зајакна со уште еден адвокат, Дељо Кадиев, кој рече дека со завршување на истрагата се отвора можност да се укине притворот и ќе поднесат барање за ублажување на мерката со давање гаранција.