Поранешниот дом за деца ,,Ранка Милановиќ“ претворен во депонија и претоварна станица за пластични шишиња

Хорор. Само со еден збор може да се опише денешната слика од некогашниот дом за превоспитување на деца ,,Ранка МилановиЌ“.

Фотографиите ги објави инспектор од Општина Гази Баба, кој денеска бил на увид таму.

Точно пред една година, овој дом, како и другите групни домови, заминаа во истроијата. Но остана ѓубрето зад нив.

Сите деца кои се под патронство на државата, се преселени во мали домови кои треба да го заменат семејниот дом.