Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси почина откако му се слоши во суд

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси, почина само неколку минути откако се појави на едно од многубројните судски рочишта.

Како што јавуваат светските агенции, на Морси му се слошило во судот, по што набрзо починал.

Морси беше демократски избран за претседател на Египет во 2012 година, откако по Арапската пролет во 2011 година заврши 30-годишното владеење на претседателот Хосни Мубарак. Потоа тој беше соборен по масовни протести и воен удар во јули 2013 година.

Ослужи само една година од четиригодишен мандат, додека организацијата на која ѝ припаѓаше, Муслиманското братство, отогаш е забранета.

Кривичниот суд во Каиро го одложи судењето на Морси и 23 други лица во случај на ,,соработка со Хамас” за утре, бидејќи му се слочи. Но,тој почина само после неколку минути.

Во ноември 2016 година, Касациониот суд ја укина доживотната затворска казна за Морси и 21 други обвинети, вклучувајќи и некои кои ја добиле смртната казна, во истиот случај и нареди повторно судење.