Поранешниот министер Бушати еден од двајцата пратеници кои гласаа против Македонски културен центар во Албанија

Албанскиот парламент на вчерашната попладневна пленарна седница ја ратификуваше Спогодбата за отворање македонски културно – информативен центар во Тирана со 96 гласа „за“, 2 „против“ и 2 „воздржани“. На седницата, за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје, зборуваше Васил Стерјовски, пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција, кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната подршка за отворање вакви центри, пренесува vesnik-ilinden.com.

Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји, ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Македонија, ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави, рече меѓу другото Стерјовски. Додаде дека овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни.

Еден од двјцата пратеници кои гласаа против, е поранешниот шеф на албанската дипломатија и актуелен пратеник од редовите на социјалстичката партија, Дитмир Бушати.

Од собраниската говорница тој рече дека Спогодбата погрешно го изедначува статусот на националните малцинства и додал дека нема додадена вредност за Албанците, бидејќи во Македонија Албанците се државотворен народ, а Македонците во Албанија се национално малцинство.

Договорот предвидува отворање културно-информативен центар во амбасадата во Скопје за промовирање на албанската култура, но Бушати, вели дека 1/3 од македонската територија е албанска, има три албански универзитети и три големи телевизии на албански јазик, пренесува агенцијата Балкан веб. Бушати исто така рекол дека може да се потпише таков договор со Украина и Австралија за да не се изгуби албанската култура таму, но не и со Македонија каде албанскиот е официјален јазик, спикерот на парламентот е Албанец, во Владата и Парламентот се зборува албански, минстер за одбрана бл Албанец, а и во судските постапки може да да се зборува албански.

,,Верувам дека ќе послужи малку во климата за соработка. Не верувам дека има овде некој колега во салата кој не е за регионална соработка. За да се отргне меракот Албанија беше дарежлива со Македонија. Таа е меѓу првите земји што ја признаа независноста. Таа е прва земја каде во програмите на сите влади се посвети на неповредливоста на територијалниот интегритет. Ние го ратификувавме договорот за членство во НАТО. Сосема едноставно и покрај проблемите и фактот дека 1/3 од нив се Албанци, ние не го сменивме нашиот однос кон нив“- изјавил Бушати.

Наспроти него Спогодбата ја бранеше неговата сопартијка, министерката за култура,како предлагач, како и многу други пратеници,што ја потврдува и бројката од 96 пратеници кои гласаа доцна попладнево за Спогодбата.

Екс шефот на албанската дипломатја, Бушати, откако премиерот Рама неочекувано го разреши од фнкцијата во јануари минатата година, стана многу близок со косовското движење „Самоопределување“ и имаше информации дека ќе биде лидер на Самоопредлување за Албанија.

Инаку, прв директот во МКЦ во Тирана ќе биде музичарот Златко Ориѓански.

Извор:
vesnik-ilinden.com