Вечерва ќе бидат познати вторите два тима во полуфиналето на Лигата на шампионите. Порто има тешка задача против Ливерпул, Сити го пречекува Тотенхем со гол негатива.

Порто загуви од Ливерпул на првиот натпревар со 2-0 па се чини дека екипата од Англија има „лесна“ задача да ја одбрани предноста на „Драгао“ стадионот кај Порто. Португалците немаат победа против Ливерпул , на седумте меча досега, Ливерпул има запишано четери победи, три пати играле нерешено, Порто има постигнато само два гола против вечерашниот противник.

Ливерпул е во серија од пет победи во низа во Премиерлигата и Лигата на шампионите , Порто има само еден пораз на последните пет официјални средби и тоа Ливерпул.

Порто победи на последните четери натпревари дома во Лигата на шампионите па се надева на чудо вечерва.

Сити го пречекува Тотенхем кој има предност од 1-0 по првиот натпревар. Ова е дерби на вечерта и има комплетна неизвесност во пресрет на реваншот.

Тотенхем има само еден пораз на последните осум гостувања во Лигата на шампионите, факт кој ги фаворизира „спарси“ пред реваншот. Сити има 11 победи едно по друго на домашен терен, се надева на 12 победа и пласман во полуфиналето каде го очекува дуел со сензацијата сезонава, Ајакс.

Натпреварите, Порто – Ливерпул и Сити – Тотенхем започнуваат од 21 часот.