Посебен сообраќаен режим поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница од денеска до недела се очекува зголемен интензитет на сообраќајот по сообраќајниците кои гравитираат околу гробиштата „Бутел“, „Камник“ и „Ѓорче Петров“.

Најголем интензитет се очекува утре кон гробиштата „Бутел“ заради што меѓу 9 и 16 часот ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот.

Приодот кон гробиштата ќе биде од улицата „Александар Урдаревски“, покрај пазарот во населбата Бутел, лево по локалниот пат за село Мирковци, лево до паркингот пред гробиштата.

Забранет ќе биде приодот од кружниот тек на улицата „Александар Урдаревски“, па оттаму лево кон улицата „Боца Иванова“.