Осум судови во државава биле предмет на проверка на Комисијата за надзор во насока на тоа дали и колку се применува АКМИС системот, кој беше злоупотребуван во времето на владеење на ВМРО ДПМНЕ за местење на предметите или воопшто не беше користен поради што беше разрешен и претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски.

Советот за имплементација на правосудните реформи на својот вчерашен состанок го прифати шестемесечниот извештај од овој надзор.

,,Според зборовите на министерката за правда, Рената Дескоска, во шестмесечниот извештај од надзорот над функционалноста на АКМИС-от во судовите, се најдоа: Управниот суд и Вишиот управен суд, Основниот суд Скопје I – Скопје, Основниот суд Скопје II – Скопје, основните судови во Кавадарци, Куманово, Тетово и Кичево, а проверките се вршени во периодот февруари – мај оваа година.

Комисијата за надзор заклучи дека во сите судови управувањето на предметите се врши исклучиво преку АКМИС системот, што е исклучително позитивен наод. Контролата над судовите кои биле предмет на проверка покажала дека редовно се врши прием и обработка на предметите, дека изземањето на судиите се врши по законска процедура, дека вклучување и исклучување на судии оди согласно системот АКМИС.

Шестмесечниот извештај според мислењето на членовите на Советот за имплементација на стратегијата за реформи во правосудството треба да биде прифатен и како таков да биде и предложен на разгледување на Владата“-се вели во соопштението на владата.