Последниот претседателски говор на Барак Обама во Чикаго

,,Да, ние го направивме тоа,,-рече Обама пред своите поддржувачи во Чикаго алудирајќи на познатата реплика ,,Да, ние можеме,, која ја користеше кога победи пред 8 години.

Со солзи во очите Барак Обама го одржа својот последен претседателски говор во неговиот роден Чикаго. Обама, кој на функцијата претседател на  САД беше два мандата, рече деке Америка е “подобра и посилна” отколку  пред осум години кога дошол на власт .

Најголем предизвик во иднина , според него ќе биде одржување на демократијата и традиционалните демократски вредности на Америка.

Обама зборуваше за тоа што направиле во изминатите два мандата, но и за предизвиците што ја очекуваат Америка, како што се тероризмот, борба за нови работни места и пред се очувување на традиционалните вредности на Америка. Затоа со ,,не,не,не,, им одговори на 18000 подржувачи во салата кои негодуваа на спомнувањето на иметео на новиот претседател Доналд Трамп. Тој рече дека мирното предавање на власта мора да остане приоритет во САД, затоа што тоа секогаш било така.

Во говорот го спомена и своето семејство и со солзи во очите им се заблагодари на Мишел и ќерките, а сопругата ја нарече најдобра пријателка.

Во продолжение најдобрите моменти од говорот на Обама.
АКО.мк и агенции