Последните моменти од атентаторот на рускиот амбасадор(видео)

 

Убиецот на рускиот амбасадор Мевлут Мерт Алтнташ откако ја завршил работата, избегал во внатрешноста на зградата во Анкара  во која се одржуваше свеченото отворање на изложбата. Тој е регистриран од очевидци, кои снимката со неговите последни моменти, пред да биде застрелан од специјалците, ја поставија на социјалните мрежи.

Алтнташ, кој и самиот бил припадник на специјалните полициски сили, имал само 22 години. Тој бил дел од обезбедувањето на рускиот амбасадор кој беше застрелан од него од зад грб во момент кога Андреј Карлов ја прогласуваше изложбата за отворена. Убиството се случи во присуство на сопругата на амбасадорот.