Последното видео од фудбалерите на Чапекуенсе

Пред полетувањето од аеродромот во Сао Паоло, фудбалерите го направија своето последно видео на кое се живи и радосни заради успесите што ги постигнуваа последните години.

Во авионот имаше 81 патник и членови на екипажот. Загинаа 22 фудбалери на бразилскиот клуб Чапекуенсе и 28 членови на стручниот штаб и лекарскиот тим, потоа 22 новинари и девет членови на екипажот. Преживееа 5 лица, 3 фудбалери, еден новинар и стјуардеса.