Последно збогум за Реџеп Пампур

Поранешниот  телевизиски водител и новинар Реџеп Пампур, кој почина измината ноќ, утре во 12 часот ќе биде погребан на градските гробишта во Скопје. Последното збогум е во 11 во капелата во Бутел.

Пампур пред шест години доживеа тешка сообраќајна несреќа со својот мотоцикл, извршувајќи ја својата репортерска работа. Оттогаш мина низ долг процес на опоравување и рехабилитација.

По несреќата,  се повлече од јавноста,  нo често најавуваше дека ќе им се врати на телевизијата и на радиото откако ќе закрепне и  ќе застане на нозе.

Тој пред повеќе години работеше во емисијата „Пулсирања“ на Јавниот сервис, а потоа и во неколку весници. Беше љубител на музиката и одличен познавач на рокот.

Почина во сон.