Последно патување на палмите на депонијата на глупоста

На социјалните мрежи денеска се појавија фотографии со ,,мртвите“ палми натоварени во камиони како заминуваат на некоја депонија. Палмите кои беа платени од парите на граѓаните и набавени преку ЈП Македонски шуми, без притоа да се најде оправдана причина зошто 500 медитерански дрвја треба да се засадат во Македонија каде климата не им одговара, се исушија. Тие не ја преживееја зимата и речиси сто процентно измрзнаа и се исушија.

Целиот ,,проект“ чинеше 500 евра по палма, беа набавени 1100 и засадени низ пповеќе градови во Македонија.

Ова е еден од проектите на владата ВМРО ДПМНЕ-ДУИ кои немаа никакво оправдување и говорат за аздисаноста при трошењето државни пари.