Поставена храна со отров низ повеќе фреквентни локации во Скопје

ФБ страниците на здруженијата за заштита на животни, се преполни со информации и фотографии со поставен отров за труење на кучиња. Активистите кружат низ најфреквентните локации во Капиштец, Центар, Аеродром, Ново Лисиче и Карпош, каде е забележана подметната храна со отров,  ги собираат и ги отстрануваат од јавните површини.

Хајката против сите кучиња и домашни миленици, започна по завчерашниот напад во Ново Лисиче, кога домашно куче испуштено од своите сопственици, повреди неколку луѓе.

Хистеријата оди дотаму, што сега се организираат групи на ФБ и повикуваат да се трујат сите кучиња низ градот, а тој што ќе се обиде да ги спречи, како што велат, ќе се справат физички со него.

Градоначалниците повикаа да не се става отров низ јавните површини, бидејќи тој пред се е опасен за децата, па потоа и за животните.

Анима Мунди предупреди дека е прашање на ден кога ќе настрада некое дете од високо ризичните дози отров што се ставаат во храната која потоа се остава насекаде по тревните површини или покрај контејнерите.

АКО.мк