Поставени новите коцеви канделабри

На едната страна од мостот ,,Мајка Тереза,, кај МАНУ веќе се поставени новите канделабри, кои според град Скопје се менуваат затоа што претходните не се вклопувале во амбиентот.

Претходните во вид на факели, исто така беа поставени, а уште постарите сменети затоа што требаше да одговараат со новата ограда.Но, и тие во меѓувреме не ги исполнија критериумите на град Скопје, па во мај 2016 тие објавија дека ќе се поставуваат нови канделабри на мостот кај МАНУ. Град Скопје склучи договор со фирмата “Бауер”, која за околу 100 000 евра треба да ги замени постојните светла. Сегашното осветление на мостот беше ставено пред неколку  години, кога се реконструираше преминот и, иако не е оштетено ниту расипано, ќе се менува.

15589529_1832931543628462_7951473456028007809_n

Од Град Скопје пред неколку месеци за медиумите објаснуваа дека  новите канделабри на мостот “Мајка Тереза”ќе се поставуваат затоа што постојните не соодветствуваат со амбиентот на  новиот плоштад ,,Пресвета  Богородица,,.

“Со проектот е предвидено поставување на 22 нови стилски алуминиумски канделабри. Секој канделабар ќе носи по четири лири и една централна на врвот, што значи ќе имаа по вкупно 5 светилки. За потребите на осветлувањето ќе се постават нови електроинсталација и уреди. Со поставувањето на новото осветление значително ќе се подобрат условите за движење и возење на мостот во ноќните саати, како и естетскиот изглед на мостот”, објаснуваа тогаш  од Град Скопје.
При реконструкцијата на мостот пред 5 години, беше поставена нова ограда и илуминација, беше саниран долниот бетонски слој, целосно се реконструираа тротоарите, сливниците, рабниците, коловозот. Обновата чинеше 450.000 евра.

 

АКО.мк актуелно-објективно