Потврдени три случаи на коронавирус во Европа

Првите случаи на опасната заразна болест коронавирус пренесени од Кина се забележани во Франција.

Како што објави АП, три лица вратени од Кина се заразени од овој вирус. Две од нив се од исто семејство.

Две од заразените лица се од Бордо, а третото од Париз.

Министерката за здравство на Франција ги повика лицата кои се сомневаат дека се заразени да не одат во болниците, туку да повикаат специјален број по што лекарска екипа ќе ги посети во домашни услови.